Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругот на родилката-лекарка со писмо до НОВА: Сакаме да ја чуете и нашата вистина

0
By Менче Атанасова Точи on June 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2020 16:39

Се огласи семејството на родилката-лекарка од ГАК за чие однесување се крена јавноста и институциите бидејќи не кажала дека има заболен или сомнителен член на семејството со што беа ставени во самоизолација многу лекари, медицински сестри и друг персонал во две болници.

Откако беше ставена во изолација ја напушти ГАК на свое барање, се породи во приватна болница “Ремедика“ каде се утврди дека и таа е позитивна. Сега се наоѓа во самоизолација, дома бидејќи вчера на свое барање ја напуштила и Инфективна клиника, каде беше префрлена по породувањето со царски рез. Новороденчето е изолирано и одвоено од неа на две недели. Во писмото испратено од нејзиниот сопруг, за кое бараше да биде објавено во целост, се вели:

„Поради голем број на дезинформации, чувствуваме потреба да ве известиме за правата вистина. Имено пациентката е однесена на УК за Гинекологија и акушерство на 6 јуни поради крварење (не за породување, Документ 1), додека нејзиниот свекор доби известување на 7 јуни, еден ден после примањето на пациентката на клиниката, дека е позитивен на ковид 19. (Документ 2).

Документ 1

Веднаш откако дознавме за позитивниот резултат, ја известивме докторката која ја следеше ситуацијата на пациентката и која работи на ГАК. Бидејќи таа не била на работа, ги известила колегите кои веднаш потоа ја изолирале пациентката. На 7-ми е пуштена дома, поради подобрување на нејзината состојба и неповолните услови за подолг престој.

Документ 2
На 8-ми јуни пациентката е однесена во „Ремедика“, каде што при прием е пополнет АНКЕТЕН лист, во кое првото прашање гласи дали сте имале контакт со инфицирано лице со ковид 19, и заокружено е со ДА.
Овој анкетен лист, според „Ремедика“е архивиран кај нив и ќе биде доставен по службено барање од надлежните. Заради одговорот во анкетниот лист „Ремедика“ има преземено мерки и ја изолираа пациентката. По породувањето, бебето не и е дадено на мајката (новороденчето е негативно на тестот) и уште при породување на мајката и земале брис.
Инаку, нејзиниот свекор се пријави за тестирање поради позитивни случаи со ковид 19 на работа, во просветниот инспекторат. Ги молам медиумите да ги проверат информациите пред да ги пласираат на етерот, бидејќи кружат дезинформации и лажни вести.
Ќе ви одговориме на сите прашање, но ве молам да имате трпение да го надминеме вирусот, свекорот спаѓа во ризична категорија на луѓе, бидејќи има неколку хронични болести. Пациентката се опоравува од царското породување, од вирусот и се соочува со фактот дека новороденчето ќе биде далеку од неа најмалку две недели“, се вели во писмото од сопругот, кој бараше да не се објави неговиот идентитет.
Сепак останаа неодговорени неколку работи, за што НОВА чека објаснување од сопругот на родилката. Меѓудругото, кога му бил земен брис на нејзиниот свекор, на 6-ти или на 7 ми јуни(или можеби порано). Ако му бил земен на 6 ти, значи родилката знаела дека има сомнителен случај во семејството и тоа требала да го наведе во Изјавата на ГАК.
Вчера, на клиниката исчезна Изјавата од медицинското досие во која таа потпишала дека нема заболен член на семејството, а МВР води истрага за случајот. Во писмото не е објаснето дали семејството знае кој би можел да земе таков доверлив документ, а се однесува лично на родилката, тоа е изјава која ја потпишала нивната најмила.
Се надеваме дека ќе бидат одговорени и овие прашања, со што и се дава можност на јавноста во целост да ја слушне и нивната страна, на семејството.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.