Дел од сопствениците на кошаркарските тимови од НБА лигата се согласија дека ЛА Клиперс треба да бидат продадени на друг сопственик, откако се појави аудио-записот на кој сегашниот шеф Доналд Стерлинг говори со расизам.
Неодамна, комесарот на НБА Адам Силвер, доживотно му забрани на Стерлинг присуство на НБА терените.
Советодавниот тим од 10 членови во четвртокот едногласно се согласиле дека ЛА Клиперс заслужуваат друг сопственик.
Неколку познати личности веќе изразија интерес за купување на тимот, но за принудна продажба потребна е согласност од 3/4 од 30-те сопственици во НБА.
Според адвокатите, Доналд Стерлинг ќе има можност на суд да се бори против одземање на клубот.
Познатите Опра Винфри, Дејвид Гефен, и боксерот Флојд Мејведер се дел од потенцијалните купувачи на Клиперси.