Состојбата на германскиот тркачки шампион Михаел Шумахер се подобрува после операцијата која имаше цел да се намали притисокот врз неговиот мозок, јавува Би-Би-Си.
Опасноста се уште постои, не велиме ова е победа, велат докторите.
Во меѓувреме, семејството на Шумахер е покрај неговиот кревет, додека тој се бори за живот по скијачката несреќа на француските Алпи.
Менаџерот на Шумахер, Сабине Кем, рече дека неговата сопруга, Корина, ќерката Џина Марија и синот Мик се во состојба на шок во болницата во Гренобл.
Седумкратниот Формула 1 шампион претрпе повреди на главата во неделата при пад во одморалиштето во Мерибел.
Meстото на несреќата
“Семејството не е многу добро, очигледно. Тие се шокирани”, изјави Сабине Кем на новинарите.
Професорот Жан-Франсоа Паен, на одделот за интензивна нега во Гренобл Универзитетската болница, изјави на прес-конференција дека не може да даде прогноза за 44-годишниот возач.
“Тој е во критична состојба, во смисол на церебрална реанимација. Ние работиме од час во час”, рече тој.
Проф. Паен рече дека ако Шумахер немал кацига”, тој не би бил овде, сега”.
“Моравме да го оперираме итно за да се ослободи одреден притисок во главата”, вели анестезиолог.
Новинарот на Би-Би-Си Имоген Фулкес кој е во Гренобл, вели дека постојат преседани за некои луѓе кои преживеале такви повреди.