Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на амбасадори: Посетата на Петков позитивен чекор за унапредување на односите

0
By Biljana on January 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја оценува неодамнешната посета на Северна Македонија од страна на бугарскиот премиер, Кирил Петков како позитивен чекор во насока на унапредување на односите меѓу двете соседни земји и давање нов импулс на продолжување на разговорите околу спроведувањето на Договорот за добрососедство и обврските кои произлегуваат од него за двете страни.

„Советот на амбасадори забележува дека во разговорите на премиерот Петков, водени со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со останати функционери, претставници на Парламентот и на политички партии од позицијата и опозицијата се направени одредени отстапки, што говори за подготвеноста на двете држави да најдат соодветни одговори на предизвиците содржани во Договорот, кои би придонеле кон приближување на моментот во догледно време да отпочнат преговорите на Северна Македонија со Европската Унија“, соопшти Советот на Амбасадори.

Советот ја цени добрата волја и определбата на двајцата премиери одредените недоразбирања меѓу двете земји да се надминуваат преку засилен дијалог, соработка и компромисни решенија во рамките на Договорот за добрососедство.

„Советот на амбасадори смета дека препораката на бугарскиот премиер, испратена преку медиумите, до највисоките македонски политички раководители за именување на „млад, бизнис ориентиран и прагматичен амбасадор“ на Северна Македонија во Бугарија не соодветствува со практиките за спроведување на Виенската конвенција за дипломатски односи, бидејќи предлогот за амбасадор, вклучувајќи ги сите негови одлики е во надлежност на земјата испраќач, а не е во надлежност на земјата на приемот“, се вели во соопштението.

македонско-бугарски односи Совет на амбасадори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.