Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет за асоцијација ЕУ и Македонија: Оптимизмот лебди во воздухот

0
By Светлана Јовановска on July 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ е охрабрена од обидите на владата на Зоран Заев која им пружа рака на соседите и од заложбите за реформи но од друга страна оваа влада не треба да оди по стапките на претходната особено во јавната администрација. Ова е пораката што европската страна и ја упати на македонската влада за време на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) кој денес, по пауза од две години, се одржа во Брисел.

Минатата година овој состанок, главен инструмент во односите на Македонија со ЕУ, не се одржа поради кризата. Земјите членки на ЕУ сметаа дека во услови на остра криза нема резон да се одржува состанок кој е воведен за да се унапредуваат односите меѓу двете страни. Минатата година односите назадуваа па Македонија минатата есен практично ја загуби препораката за старт на прегвори за членство во ЕУ.

Денешниот состанок траеше неполни два часа. По него високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за проширување Јоханес Хан, шефот на нашата дипломатија Никола Димитров и министерот за ЕУ интеграција Бујар Османи излегоа пред новинарите за да го изразат задоволството од новиот импулс во односите помеѓу двете страни.

ЕУ пред се ја поздрави заложбата на новата влада за примена на Договорот од Пржино и реформите на Прибе. Во заклучокот од средбата е побарано да се утврди одговорноста за прислушувањето и нападот во Собранието на 27 април.

Прва европска критика за новата влада

Но, стаса и првата европска критика на работата на владата. Како што рече Хан, споменатите реформи се “важни за да се врати земјата на европскиот пат но тоа не е покана за да се избрзува со законските предлози во Парламентот бидејќи и овде е важна соодветна консултација бидејќи квалитетот е важен”.

Според извор на НОВА, критиката е упатена пред се на смените на директорите на јавните претпријатија. ЕК не сака да гледа реприза на однесувањето на претходната влада:

“Ставивме на знаење дека брзиот начин на смена на директорите на јавните претпријатија не е во согласност со заложбите на владата. Не можете да донесувате Акциски план (планот 3-6-9) во која се вели дека се оди кон деполитизација на јавната администрација а од друга страна во еден ден да менувате повеќе раководни лица од таа администрација. Треба промени во јавната администрација но тие промени треба претходно да бидат објаснети во јавноста”, вели европскиот извор на НОВА и додава дека, на пример, добро е што процесот на смена на јавниот обвинител се води според правилата.

ЕК нема информации за најавата за новото министерство за комуникации и очекува од владата да образложи за што точно станува збор. И конечно, Комисијата засега не гледа големи промени во медиумите и се надева дека тоа ќе биде сторено брзо.

Но тоа беше, засега, единствената критика која беше испратена на адреса на новата влада. Во другите области Брисел немаше забелешки.

Хан изјави дека експертот Рајнхард Прибе е во Скопје во моментов а “Комисијата ќе ја советува владата како да се решат системските проблеми за да има владеење на правото”.

Хан не можеше да потврди дали ЕК ќе направи преоден извештај за Македонија во текот на есента со оглед на фактот што редовните годишни извештаи за Балканот се планирани за април 2018 година. Македонија би сакала што е можно побрзо да добие чиста препорака па очекува тоа да биде направено до крајот на 2017 година:

“Комисијата е флексибилна во тој поглед на позитивен начин. Ако работите созреат доволно ние сигурно ќе излеземе со специјален извештај пред април. Но работите треба да бидат добро подготвени во земјата преку работа на реформските приоритети”, вели Хан.

Оптимизам за добрососедство

Детали за спорот со Грција или договорот со Бугарија не беа дел од ССА состанокот но ЕУ ги поздрави чекорите и конструктивноста на владата во односите со соседите и пред се Грција и Бугарија.

Могерини не можеше да вети дека ЕУ ќе почне да игра проактивна улога во процесот на преговори за Грција но беше среќна што има позитивни чекори во тој поглед. Таа го подвлече начинот на кој Македонија и Бугарија билатерално, без какво и да е посредништво, склучуваат важен договор.

“Оптимизмот лебдее во воздухот за работи кои беа тешки во минатото и се надевам дека нема да бидат толку тешки во иднина”, рече Могерини.

На прашањето дали Димитров вчера имал средба со неговиот грчки колега Коѕиас (кој вчера во Брисел се сретна со Нимиц), тој рече дека немал средби и дека прашањето е отворено и мора да се биде внимателен.

“Решението нема да дојде преку ноќ. Две важни работи можам да кажам: новата влада нема да се плаши да преговара и нема да преговара од страв, ќе преговараме за да најдеме решение. И второ, во контекст на Балканот и фактот дека или заедно ќе успееме или заедно нема да успееме, се трудиме отворените прашања да не ги гледаме низ призмата на победник-губутник туку низ призмата – што е можно да направиме двете држави и целиот регион да направи чекор напред кон ЕУ”, рече Димитров.

Димитров го цитираше токму Коѕиас со зборовите – “историјата не треба да биде затвор туку учител” во контекст на тоа дека и Македонија правела грешки во ова прашање и тие сега не треба да се повторуваат туку од нив да се учи.

Критика до опозицијата

Според Хан тема на состанокот било “како работата да се приоритизира за да бидеме сигурни дека ќе има трајни и одржливи реформи”, рече Хан и додаде дека ЕУ ја поздравува намерата на владата да работи заедно со сите и особено со опозицијата:

“Но затоа е потребна конструктивна опозиција и важно да се има пристап до секој на инклузивен и конструктивен начин за да може да се напредува на европската реформска агенда”.

Изворот на НОВА цели дека Владата треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ја игра својата улога на опозиција во Брисел и испраќа дописи до ЕК во кои се критикуваат чекорите на новата влада. Засега Брисел не сака да коментира на оваа тема но ги чита писмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.