НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ денеска ги усвои трите правни акти врз основа на кои Бугарија ќе може да го заемни левот со евро од 1 јануари 2026 година, со што практично заврши процесот за пристапување на земјата кон Еврозоната.

 Од денеска, Бугарија го зазема своето место како 21-ва членка на еврозоната. Ова означува кулминација на темелниот процес за пристапувањето на Бугарија, кој опфаќа ригорозна анализа и интензивна подготовка, изјави данската министерка за економски прашања Стефани Лозе по повод одлуката на Советот.

Таа воедно истакна дека им упатува „топли честитки“ на Бугарија и на бугарскиот народ за ова „огромно достигнување“.

Со еден од трите денеска усвоени акти, курсот за конверзија на бугарскиот лев во евра се утврдува на 1,95583 лева за 1 евро, колку што изнесува и моменталниот среден курс на левот според Европскиот механизмот на девизен курс (ЕРМ 2).

Одлуката на Советот на ЕУ следи откако претходно денеска Европскиот парламент со 531 глас „за“, 69 „против“ и 79 „воздржани“ го одобри Извештајот за прием на Бугарија во Еврозоната од 1 јануари 2026 година.

Еврокомисијата на 4 јуни објави Извештајот за подготвеноста на Бугарија за воведување на заедничката европска валута, во кој оцени дека земјата ги исполнува условите за приклучување кон Еврозоната од следната година. По ова лидерите на земјите членки на Унијата на Самитот на 26 јуни го поздравија Извештајот на Еврокомисијата и му препорачаа на Советот на ЕУ да го одобрат предлогот.

Според Договорот за Европската Унија, секоја земја при приемот во ЕУ се обврзува да го прифати еврото, но нема утврден временски рок за тоа. Исклучок од ова правило е Данска, која со договорот за пристапување кон ЕУ побара да биде изземена од обврската за воведување на еврото.

За да се приклучи кон Еврозоната, секоја земја мора да ги исполни Мастришките критериуми, кои предвидуваат ниска инфлација, буџетски дефицит на ниво под три отсто од БДП, јавен долг од под 60 проценти од БДП, најмалку двегодишно учество во ЕРМ 2, како и просечната номинална долгорочна каматна стапка да биде повисока за најмногу два процентни поени од просечните камати во трите земји на ЕУ со најниска инфлација.

Бугарија, која стана членка на ЕУ на 1 јануари 2007 година, на 10 јули 2020 година се приклучи кон механизмот ЕРМ 2, кој колоквијално се нарекува „чекална за Еврозоната“, од кога курсот на бугарскиот лев е врзан за еврото.

Софија првично планираше Бугарија да се приклучи кон Еврозоната на 1 јануари 2024 година, но оваа цел не беше остварена поради високата инфлација, чиј раст се припишуваше на Ковид пандемијата и руската инвазија врз Украина, но и поради политичката нестабилност во земјата со неможноста за формирање стабилна Влада.

По очекуваното приклучување кон Еврозоната, Бугарија ќе стане нејзина 21-ва земја членка. Покрај Бугарија и Данска, членки на Еврозоната меѓу државите од ЕУ не се ни Полска, Романија, Унгарија, Чешка и Шведска.

Бугарија еврозона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.