Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на ЕУ усвои препораки за ограничувања на патувања

0
By Нова ТВ on February 2, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот.

Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот.

Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Оваа боја ќе се однесува на области каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени позаразни варијанти на вирусот.

– Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темноцрвена боја да бидат тестирани на Ковид-19 пред пристигнувањето, а потоа да бидат во карантин 14 дена, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Во исто време, на земјите-членки им се дава можност да побараат тест за Ковид-19 од патници кои доаѓаат од портокалови, црвени и сиви области.

Луѓето што живеат во погранични региони и ја преминуваат границата на дневна основа или често, на пример заради работа, студии или семејни причини, не треба да бидат подложени на тестирање или карантин.

Доколку се воведе барање за тестирање, зачестеноста на тестовите врз такви лица треба да биде пропорционална, наведува Советот на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.