Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на обвинители го чека исходот со Јанева за да одлучи за обвинителите

0
By Соња Петрушевска on September 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судбината на обвинителите на СЈО ќе ја решава Советот на обвинители, потврди претседателот Ацо Колевски. Тој за НОВА рече дека чека, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде разрешена во Собранието или да и истече мандатот на 15 септември.

-За нас нема разлика дали таа ќе биде разрешена или ќе и заврши мандатот. Ние постапуваме по одредбата во Законот за СЈО во која пишува дека мандатот на обвинителите на СЈО не може да биде подолг од мандатот на специјалната јавна обвинителка. Ова значи дека со завршувањето на нејзиниот мандат или со нејзиното разрешување, завршува и мандатот на сите други обвинители во СЈО, рече Колевски.

Тој објаснува дека за да одлучат каде ќе ги прераспределат обвинителите од СЈО не е потребно да се донесе новиот закон за ЈО, затоа што нивниот мандат е дефиниран со Законот за СЈО.

Колевски не сакаше да прејудицира каде ќе бидат прераспределени обвинителите, но потенцира дека во Законот пишува дека по завршувањето на мандатот тие треба да бидат вратени во обвинителствата од каде биле преземени.

Седницата на Советот на јавни обвинители за распределбата на обвинителите од СЈО во обвинителствата, Колевски ќе ја закаже наредната недела.

Со денешното преземање на надлежноста над предметите на СЈО државното јавно обвинителство и со враќање на обвинителите од СЈО во матичните обвинителства, СЈО по четири години ќе престане да постои. Се уште не е одлучено каде ќе вработи администрацијата на СЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.