Ирачкиот парламент денеска расправа за прогласување вонредна состојба во земјата. Тоа го бара премиерот Нури ал-Малики, за да добие повеќе овластувања во конфликтот со радикалните исламисти.
Советот за безбедност на ОН треба денеска да се состане за ситуацијата во Ирак додека сунитски бунтовници напредуваат во нивната офанизва.
Исламистичките борци во вторникот прво речиси без борба ја зазедоа метрополата Мосул, на северот на Ирак, а во текот на вчерашниот ден трупите напредуваа се‘ до Самара, на околу 130 километри северно од Багдад. Попат беа освоени регионите Нинива, Анбар и Салах ал-Дин.
Исламистичките екстремисти поврзани со Ал Каеда откако ја презеле контролата над Мосул, голем ирачки град, протерале околу 500 илјади жители од ова населено место. „Ситуацијата во градот е хаотична, нема никој да ни помогне“, рекол еден вработен во владата, Ум Карам, кои истакнал дека граѓаните се премногу исплашени, пренесува BBC.