Советот за безбедност на ОН денеска едногласно воведе нови санкции против Северна Кореја, како казна за нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Резолуцијата има за цел да забрани околу 90 отсто од извозот на нафтени деривати во Северна Кореја, на тој начин ограничувајќи ја на 500.000 барели годишно. Исто така бара репатријација на Севернокорејците кои работат во странство во рок од 12 месеци.
Нацрт резолуцијата, што ја изработија САД, предвидува и намалување на снабдувањето на Северна Кореја со сирова нафта на четири милиони барели годишно.
– Резолуцијата е изгласана со 15 гласа „за“, изјави амбасадорот на Јапонија во ОН, земја која овој месец претседава со Советот за безбедност.
Северна Кореја на 29 ноември тестираше досега најмодерен проектил за кој се смета дека може да погоди градови на западниот брег на САД.