Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот за безбедност на ОН за Косово: Инцидентите ја продлабочија недовербата, потребен е дијалог

0
By НОВА ТВ on October 15, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неодамнешните инциденти на Косово ја продлабочија недовербата меѓу заедниците, поради што дијалогот под покровителство на ЕУ сега е императив, изјави шефот на Мисијата на Обединетите нации на Косово, Захар Танин. На редовната седница на Советот на безбедност на ОН за Косово денеска тој потсети дека при крај на извештајниот период уследиле неколку инциденти кои, како што наведува, биле последица на недостигот на политичко разбирање и комуникација.

Танин додава дека е против еднострани акции. Тој наведе дека сè мора да оди низ дијалог, но дека неодамнешните акции на косовската полиција ја зголемиле недовербата на српското население на северот.

Седницата се одржува два дека по новата криза на северот на Косово, каде што на 13 октомври локалните Срби протестираа поради акцијата на полицијата против шверцери на стока. На тоа му претходеа зголемени тензии поради регистарските таблички на Косово.

На седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово, Србија ја претставува министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, додека Косово, претседателката на државата, Вјоса Османи.

Таа на седницата рече дека Косово е заговорник на мир. Според неа, крајната цел на дијалогот е меѓусебно признавање.

– Србија мора да сфати дека реалноста за независно Косово нема да се промени, рече таа.

Шефот на српската дипломатија, Селаковиќ, обвини дека косовските власти се одговорни за дестабилизацијата на северот на Косово.

– Играњето со оган не може да се реши така што двете страни ќе се повикаат на конструктивност и воздржаност, како што аплираа некои претставници на меѓународната заедница, рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.