Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОЗР утре со детали за новите таблички за службените возила, рокот за замена е до 15 септември

0
By Marija Todorovska on September 8, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на останати државни институции.

Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули.

Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, појаснија тогаш од СОЗР.

Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции, беше нагласено во соопштението од СОЗР.

СОЗР таблички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.