Колони на возила долги до 302 километри поради Светското првенство во фудбал може да се забележат во главниот град Сао Паоло. Најмногу гужва имало на натпреварите во кои играат домаќините, односно репрезентацијата на Бразил.
Легендарниот бразилски фудбалер Пеле бил една од „жртвите“кои заглавиле во метежот, така што натпреварот меѓу Бразил и Мексико успеал да го следи дури од второто полувреме.
-Ова е вистинска комедија. Првпат во животот доцнам на фудбалски натпревар. Бев принуден првото полувреме да го следам на радио, во автомобилот. Тоа ми падна многу тешко, изјавил Пеле по натпреварот кој завршил без ниту еден гол.