Атина: Во акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел меѓу грчките острови Аморгос и Астипалеа, во текот на ноќта биле спасени 77 бегалци и мигранти.
Во спасувачката акција кусо по еден часот по полноќ учествувале три патролни бродови на крајбрежната служба, четири бродови што биле во близина, како и два приватни чамци, а сите спасени се во добра состојба и биле пренесени на островот Наксос.