Слави Трифонов кој некогаш од еден графит на ѕидот спроти бугарската амбасада во Скопје се убедил дека Македонците ги мразат Бугарите, и кој има партија без чија поддршка нема влада во Бугарија, открива денес дека Бугарија ја уценува Македонија со цел да изнуди од САД укинување на визите за Бугарите, а од ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната, пишува професорот Ѓорѓи Спасов на Фејсбук откако бугарскиот политичар предложи, Бугарија да ги одблокира преговорите на Македонија со ЕУ, но прво да стане членка на Шенген зоната и да ѝ се укинат визите за САД.
„Тој како „голем” политичар денес објавува дека Бугарија би требала да биде спремна за таква трговија со САД и со ЕУ кои бараат од неа да го крене ветото за започнување на разговори на Македонија со ЕУ, но и додава дека Македонија може да стане членка само откако, покрај ова, ќе прифати да испочитува се што се бара од неа при спроведување на Договорот. И толку од оптимизмот на Османи и Бучковски за очекуваното кревање на бугарското вето. А кревањето на оптимизмот и кревањето на ветото се две различни работи. Време е да почнат да го ветуваат само она што зависи од нас, а не и од други врз кои не можат да влијаат со било какви дипломатски средства“, напиша Спасов на Фејсбук.