Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов: Решение на спорот со Бугарија преку посредништво од трета страна

0
By Biljana on May 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Убеден сум дека и во Бугарија со време ќе сфатат дека правото на различна  интерпретација  на историјата е исто толку важно право, како што е правото на  слободна мисла и говорот“, вели во интервју за НОВА ТВ, поранешниот дипломат и екс амбасадор во Бугарија, Ѓорѓи Спасов. Според него, секогаш при ваков вид недоразбирање било од помош посредништвото.  Потребна е трета страна на која двете земји ќе и веруваат и која ќе успее да ја заштити пред се послабата страна од страна на помоќниот во судирот.

 

Какви се, според Вас, перспективите на македонско-бугарските односи?

Нема причина да немаме добри  односи со Бугарија. Таа е земја сосед со сличен народ и култура и независно од сегашните недоразбирања двете земји реално имаат многу поголем интерес за соработка отколку за кавга. Ќе ни треба време нам да ги разбереме нивните стравувања од нашето толкување на историјата и на нив да ги разберат нашите стравувања од нивните толкувања  на историјата, потеклото на македонската нација и јазик.

Тоа се напластени проблеми и во двете земји до ниво на верување во сопствени приказни и митови врз кои се градат нациите и нивниот идентитет и многу е тешко некого да го убедиш да се откаже од тие верувања и митови и да почне да верува во туѓата приказна.

Во време на интернет траба да има простор за секоја интерперетација и слобода за секој да верува во што сака, и ние не барама од нив да се откажат од своите верувања дека „македонската нација била создадена по втората светска војна од население кое имало бугарски етнички корени или дека македонскиот јазик бил само дијалект на бугарскиот“. Проблемот е во тоа што тие своето верување го издигнуваат на ниво на „апсолутна историска вистина заснована на факти„  а нашата интерепертација на историските корени на македонската нација и јазик ја означуваат како „фалсификат и антибугарска пропаганда“ и бараат владата наша и медиумите да го спречеле тоа и да го натераат народот да почне да верува во „единстевната историска вистин“ што ја проповедаат нивните историчари.

Има голем број интелектуалци во Бугарија што сфаќаат дека таквото барање е бесмислено и не е можно дури во самата Бугарија да ги натерате сите да мислат исто како „државните историчари“ кои одбраниле бројни магистерски и докторски дисертации со тие тези, и сосема е јасно дека нити еден народ не може друг народ да натера да мисли поинаку преку било каков притисок и уцени, ниту преку интерперетции на некаква Комисија за историски прашања.

Оттука сум убеден дека и во Бугарија со време ќе сфатат дека правото на различна  интерпретација  на историјата е исто толку важно право, како што е правото на  слободна мисла и говорот и дека обидот за наметнување на нивната идеолошка интерперетација на историјата во друга суверена држава е јалов и губење време. Тоа е исто како и обидот на  научници со одлука на некоја влада, да им наметните убедување дека човекот го создал Бог или пак на религиозни луѓе со одлука на влада да им наредите да почнат да веруваат дека Бог не постои и дека човекот станал од мајмун.Тоа не го правеле ниту најтоталитарните режими во светот.

Секако дека има простор да се разговара за тоа што во тие интерперетации може да се доживува или толкува како навреда за друг народ или ширење на омраза кон него, но не може такво нешто да се најде само во интерпретациите на историјата од македонска страна а се што се прифатило со некаква Декларација на Собранието на Бугарија да се прогласува за „целосна историска вистина“ од која никој во Бугарија нема право да отстапи. Оттука мислам дека тоа повеќе ја деградира Бугарија во меѓународната јавност отколку Македонија, како и да се објаснува.

 

Дали т.н. булдожер дипоматија на ЕУ ќе се покаже како успешна?

Секогаш при ваков вид недоразбирање било од помош посредништвото.  Потребна е трета страна на која двете земји ќе и веруваат и која ќе успее да ја заштити пред се послабата страна од страна на помоќниот во судирот. Во овој случај Бугарија ја има моќната позиција на членка во ЕУ кон која сака да се приклучи и Македонија и ја има комоцијата да ја наметнува „својата вистина„ и да блокира.Но, такво однесување може да ги иритира другите нејзини сојузници  во ЕУ и во НАТО кои со неа се во созјуз за да обранат со заеднички сили, европски вредности и приниципи и да ја гарантираат стабилност на земјите од Западен Балкан. Оттука САД и постарите членки наЕУ не се тие толку немоќни кога се сочуваат со ваков проблем. Тие  го имаат искуството со т.н. „превентивна дипломатија“ на Блаканот и умеат, а имаат и моќ, ваквите „балкански спорови“ да ги канализираа кон решавање  на интелигентен начин.

 

Северна Македонија доби јасна поддршка од САД во однос на евроинтеграциите. Што значи тоа за земјава?

Се чини дека Бугарскиот претседател и времената влада се согласиле да биде одржана првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија, во јуни во замена за добивањето „патоказ“ за надминување на спорните прашања меѓу двете земји и добивањето „гаранции“ од ЕУ дека таа ќе го надгледува процесот на имплементацијата на договорот.

 

Со оглед на актуелната политичка ситуација во Бугарија, сметате ли дека претседателот Румен Радев како индивидуа ќе може нешто да направи до формирањето на стабилна Влада и дали изборот на нова бураска Влада ќе зависи тоа во кој правец ќе се одвиваат разговорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија?

Бугарскиот претседател и привремената влада се на голема мака. Бугарската јавност не е подготвена да и дозволи на Македонија почеток на преговори со ЕУ.

Националистите кои таму се обединуваат пред праламентарните избори што треба да се одржат во јули, таквата одлука ќе ја прогласат веднаш за национално предавство и ќе се обидат тоа да го искористат за добивање подршка за да влезат во идниот собраниски состав, а на есен завршува и мандататот на Румен Радев и тој ќе биде одново кандидат за претседател на новите избори. Отатму, што и да биде одлучено, ќе треба Радев и привремента влада, дигањето на ветото кон Македонија до го прикажат во бугарската јавност како европски чин и успех на Бугарија, што во суштина би било а не како „предавство“ и „попуштање под притисок“.

Во денешни времиња, за секоја одлука треба да ја подготвите и домашната јавност. Но треба да водите сметка и за јавноста на земјите со кои сте во сојуз во ЕУ, која исто така просудува дали ги браните само своите егоистични интереси или водите сметка и за кредибилитетот на целата ЕУ, па и на САД околу некое прашање. За тие работи ќе мора да води сметка и идната влада на Бугарија било кој да ја состави.

Билјана Божиновска

Ѓорѓи Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.