Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Има повеќе причини за поразот на СДСМ, ниту еден пратеник од СДСМ нема да го поддржи мнозинството

0
By Ана Василевска on May 23, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Оливер Спасовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сега избран за пратеник од СДСМ Оливер Спасовски смета дека има повеќе причини за поразот на неговата партија на изборите. Меѓу нив, ги посочи Договорот со Бугарија, но и однесувањето на коалицискиот партнер ДУИ, наспроти состојбите во државата.

-Има повеќе причини за таквиот резултат, но ако треба неколку да одвоиме, тие се самата поставеност на партијата да ги направи најтешките работи за државата да може да чекориме напред, а тоа е Договорот со Бугарија, која беше цело време зборуван од јавноста. Однесувањето на ДУИ визави СДСМ, визави состојбите во државата. Настаните кои ни се случуваа во текот на сите овие години, кадровскиот потенцијал итн, сметам дека има големо влијание, изјави Спасовски за Клик Плус на ТВ 21.

Спасовски вели дека имало прашања за кои се немало согласност со ДУИ, кои не се затвориле, за кои се конфронтирале, но смета дека во Владата и во секоја институција треба да има дебата.

-Тоа што е добро да се прифаќа, тоа што не е да не се прифаќа. Во јавноста перцепцијата е дека се што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава. Ќе видиме дали е со причина наметната таа перцепција или нема причина. За жал, политиката е првично перцепција. Без разлика што ќе видите во одлуките. Истата таа тема на која се зборуваше сето она што ќе се побара се добива, еве можност да видиме како ќе се формира новата влада, новата коалиција, да видиме како ќе бидат односите сега меѓу новите коалициски партии. Јас кога зборувам за одговорен пристап, зборувам за пристап кој е важен и полезен за државата, за иднината на државата и за граѓаните. Ако зборуваме за личен интерес, тогаш е многу лесно да излегувате со ставови, изјави Спасовски.

Поранешниот министер вели дека ниту еден пратеник од СДСМ нема да му даде поддршка на актуелното мнозинство на СДСМ.

-Убеден сум дека од СДСМ не постои пратеник кој ќе даде поддршка на актуелното мнозинство, рече Спасовски.

Одговарајќи на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име рече дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

– Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам, рече Спасовски.

Оливер Спасовски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.