Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Истрагата се води неселективно и транспарентно, иако ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја саботира

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Истрагата има свој почеток, свој тек и крај кога ќе се обезбедат сите неопходни докази. Со самиот факт дека во оваа истрага се вклучени стратешките партнери укажува на комплексноста на обезбедувањето на доказите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5.

Во однос на тоа дека акцијата е забрзана по реакцијата на опозицијата тој прашува дали е можно преку ноќ да се заврши една целосна ваква опсежна акција и да се пристапи кон реализација веќе наредниот ден?

Според Спасовски со начинот со кој што се изреагира од страна на опозицијата имало обид за нејзина саботажа.

– Очекувам дека ќе реагира и јавното обвинителство и да видиме што практично стои зад сето ова. Кој е интересот зад сите овие активности, додава министерот за внатрешни работи.

Спасовски соопшти и дека оној дел од истрагата кој што ги обезбеди сите потребни докази е завршен со приведувањето и апсењето на припадниците на македонската полиција. Во моментов се работи и на меѓународно ниво за да се види каде и како се движеле сите овие текови. Секоја анализа и секој доказ кој што произлегува од спроведувањето на оваа акција ќе се анализира и врз оснбова на тоа ќе се проширува и ќе се води истрагата понатаму.

– Преку документирање на процесот кој што се води повеќе од една година заокружени се оние кои што директно се одговорни за криминалното издавање патни исправи. Пред месец и половина имавме и друга таква акција во која што исто така една група на вработени кои што се занимавале со издавање лажни возачки дозволи беше сузбиена и секако дека во секоја од групите постои некој кој што бил на врвот на таа група. Имаме и контролор и овластени службени лица кои што директно учествувале во овој дел. Секое едно лице за кое што се обезбедени докази е приведено, вели Спасовски.

Тој додава дека голем број работни информации се познати и предадени на обвинителството, други детали не може да изнесува бидејќи истрагата е во тек. Најважно е како што посочи тоа што истрагата се води неселективно и транспарентно за да можеме да ги обезбеди сите и докази и лица што учествувале во една ваква работа, со цел да се стави крај на било какви криминални дејанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.