Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил.
– Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права, напиша објави Спасовски на ФБ.