НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нема да вложуваме во проекти од кои власта профитира

0
By Нова ТВ on November 15, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Нашата програма се базира пред сè и стои на столбови кои се срушени во овој момент во Република Македонија. Еден од главните носечки столбови е да ја вратиме средната класа во Република Македонија и затоа има многубројни мерки во делот на економијата, во делот на социјалата, коишто гарантираат враќање на средната класа, а со тоа гарантираат и стабилност на ова општество“, изјави во Струмица, Оливер Спасовски, Секретар на СДСМ.

– Една од мерките е повратокот на 15% ДДВ за секој граѓанин во Република Македонија и создавање можност за тринаесетта плата или тринаесетти надоместок на секој граѓанин којшто е во Република Македонија. Исто така, една од значајните мерки е и моделот за воведување социјална пензија за сите граѓани кои се социјално необезбедени, коишто немаат услови за стекнување пензија, како и создавање можност за двојни услови за стекнување пензија покрај старост да биде и со стаж.

– Исто така, вториот на којшто и идната Влада на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, предводена од Зоран Заев, ја темели програмата е да вложуваме во иднината, а не во минатото. Мислам дека Општина Струмица е пример за тоа како се вложува во иднината и во идните генерации, како се создава атмосфера на убав живот во Струмица, тоа ќе го преселиме заедно со новата Влада на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и на ниво на Република Македонија. Сите пари, покрај тоа што ќе знаеме транспарентно да го градиме и носиме буџетот, ќе се знае како ќе бидат потрошени и за кои проекти. Нема да се вложува во проекти кои ќе значат само земање на проценти на поединци од власта, туку одговорно трошење, домаќинско трошење на парите. При тоа, создавање услови кои ќе значат гаранција за иднината на младите генерации, објасни Спасовски.

На крајот Спасовски истакна дека еден од најважните столбови кои недостасуваат на македонската држава, а тоа е да ги спречиме поделбите. Македонија е општество кое е поделено по сите сегменти на општественото живеење, и по етничка, и по национална, по верска, по политичка, по културна и по секаков друг вид на димензија. Мислам дека она што се случува со промоцијата на позитивните мерки, оваа власт покажа дека преку такви механизми сака да ги сруши позитивните работи за Македонија. Инцидентот што се случи вчера во Скопје, преку директен напад на луѓе во автобуси, нема друга причина отколку да преку едни такви спинови се минимизираат овие мерки кои се иднина за граѓаните на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.