Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски од Радовиш: Во недела да се избориме за подобар живот на сите

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатите за пратеници од Радовиш и Конче, денеска заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, се сретнаа со граѓаните од радовишкиот регион, соопштува СДСМ.

-Во недела да се спротивставиме на диктатурата, на режимот, кој ни го остави тутунот дома и не остави без леб. Да не дозволиме да продолжат да не задолжуваат ниту денар повеќе, доволно сме осиромашени. И да ги потсетиме дека има разлика, ние градевме држава, а тие барок и бродови на суво, рече кандидатот за пратеник од Радовиш, Милева Ѓоргиева.

Во Конче имаме тежок економски и социјален живот. Живееме во време кога владата ветува економски бум, а таа создаде сиромашен народ, кој се мисли како ќе го преживее денот.

Затоа, нашата програма предвидува враќање на средната класа, инвестирање во иднината на младите. Време е да се стави крај на поделбите, со градење на фер и правично општество, рече кандидатот за пратеник од Конче, Благој Илиев.

Откако жителите од овој регион своите маки ги споделија со генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, тој им порача дека првиот чекор на СДСМ ќе биде искоренувањето на неправдите што власта на Груевски им ги направи на земјоделците.

Ќе ја субвенционираме нафтата за земјоделската механизација, со која земјоделецот ќе може лесно и навремено да ги извршува сите потребни агротехнички мерки на поле и постбербени операции. Поевтината “зелена нафта“ за земјоделците ќе биде посебна субвенција, чија висина ќе зависи од големината на површината во хектари, рече Спасовски.
Во недела гласаме за промени за нов почеток, гласаме за претседател кој што го немавме пет години. Запомнете, зад параванот сте сами и вие одлучувате, рече Спасовски, соопштува СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.