Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Променети околу 1.000.000 патни исправи, расчистен случајот со нападот на екипата на Алсат

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патни исправи имаме променето веќе околу 1.000.000, над 800.000 лични карти и други лични документи. Со ваква динамика, со несмалено темпо на работа, во две смени, работа за време на викенд итн. ќе направиме се за да успееме да постигнеме да се заврши целиот процес во најдобар можен ред. Ова синоќа го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Вести Плус“ на Канал 5.

Според него, нормално е во летните месеци секогаш да има зголемување на бројот на граѓани кои бараат патни исправи заради патувањата кои ги имаат меѓутоа, како што рече, целиот капацитет ќе биде ставен во функција.

На новинарско прашање дали ќе се реновира објектот на МТВ во делот на Управните служби, Спасовски рече дека сите објекти или 81 во државата, се објекти кај кои била согледана состојбата и имало потреба од реновирање. Истакна дека има средства во буџетот, веќе е избран изведувач на работите и може во секој момент да се почне со градба.  – Ако сега во најголемите гужви започнеме со реконструкција на тој објект веднаш ќе има реакција зошто сега се почнува. Така што ќе одбереме момент кога ќе почнеме, заклучи министерот Спасовски.

Министерот Спасовски информира дека веќе е расчистен случајот со нападот на екипата на Алсат телевизија. Обезбедено е лицето напаѓач и ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, во соработка со Основното јавно обвинителство.

– Медиумите се тие кои мораат секојдневно да ја извршуваат својата работа, а се во интерес на граѓаните и државата. Треба да имаме почит кон секој еден кој е дел од медиумите. Сите аспекти за мотивите на нападот ќе бидат расчистени. Важно е дека брзо и ефикасно и енергично се делуваше во овој случај, затоа што не смее да има никакво насилство, посебно не кога било кој граѓанин е на извршување на своите службени задачи, дотолку повеќе оние кои работат во интерес на граѓаните и државата, затоа што сепак медиумите застапуваат јавен интерес, рече министерот Спасовски.

Алсат телевизија напад на новинари Оливер Спасовски Промена на патни исправи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.