Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет испорачува резултати

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свесни дека само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во сите сфери на работењето, раководството на Министерството за внатрешни работи се заложи за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Според Спасовски, она што беше визија пред три и пол години, денеска е реалност.

– Реконструиравме 55 објекти, кои сега имаат додадена вредност, бидејќи се енергетски ефикасни. Набавката на униформи стана редовна активност, а не исклучок! Обезбедивме пловни објекти, мотоциклистичка опрема, а годинава, за обнова на униформи и опрема, во буџетот имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството. За вработените во МВР, кои оствaриле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, обезбедивме средства за бонус плата, кои ќе бидат исплатени следниот месец, а веќе ги исплативме бонус платите за 2017 и 2018 година. Вработените во Министерството за внатрешни работи сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија, истакна Спасовски.

На овој посебен ден, како што рече, не може да не помислиме на оние наши колеги, на оние храбри срца што ги нема денеска во нашите редови. – Нивната храброст и нивната жртва никогаш нема да бидат заборавени, а она што ни го оставија во наследство и споменот за нив, претставуваат инспирација за секој граѓанин, за нашите млади колеги кои за првпат ќе ја облечат работната униформа, инспирација за иднината на нашата земја – за нашите деца, додаде министерот Спасовски.

Ова, според него, е дополнителен мотив и во наредниот период со уште поголема енергија да продолжиме да ги градиме севкупните капацитети на оваа наша институција, да се посветиме на градењето на европски стандарди во полицијата, согласно владините стремежи Европа да ја донесеме дома. Уверен сум дека само така ќе оствариме уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија, а Министерството за внатрешни работи ќе го издигнеме на уште повисоко ниво, како силна институција која го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите.

– Денот на полицијата, кој за мене претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа. Задоволството е уште поголемо што денеска, сите ние сме сведоци на она што го постигнавме во изминатиот период, во една навистина тешка година, кога светот се соочи со пандемијата со коронавирусот, па редовните активности добија уште еден приоритет – борбата за спречување на ширење на Ковид-19. Ова за нас претставуваше дополнителен мотив да работиме двојно повеќе со цел излез од кризата, со што помалку последици, рече Спасовски.

Горд сум, посочи министерот за вцнатрешни работи, што и покрај несаканата ситуација, со која како се соочивме на глобално ниво, покажавме дека во ова министерство работат професионалци кои неуморно ги извршуваат своите обврски, непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и за секојдневните потреби на граѓаните.

Спасовски истакна дека за ефикасноста на полициската работа покажуваат конкретните резултати во борбата против криминалот.

-Во речиси сите сегменти е очигледно подобрувањето на резултатите, а евидентно е и генералното намалување на криминалитетот. Така, во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година кривичните дела бележат тренд на намалување за 9,5 отсто, во споредба со истиот период минатата година. Организациските единици во Бирото за јавна безбедност активно постапуваат по седум оперативни акции и резултатите од нив се видливи: зголемена откривачка функција на наркотици и оружје, спречување на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти, санкционирање на економскиот криминал, сузбивање на сериозниот и организиран криминал. Зајакнатите сообраќајни контроли, пак, придонесоа за создавање на што побезбедни средини за граѓаните, па 2020 година беше година со најмалку жртви во сообраќајот. Покажавме дека знаеме да се фатиме во коштец со неселективната борба против криминалот и корупцијата, да застанеме храбро и одважно во заштита на бескомпромисното владеење на законите, бидејќи нашата заедничка цел е нулта толеранција за корупцијата, нулта толеранција за сите кои ќе го прекршат законот, без исклучок!, нагласи министерот Спасовски.

Ваквите резултати, како што додаде, влијаат и врз зголемување на довербата од страна на граѓаните кои, како што рече Спасовски, отсекогаш знаеле да ценат чесна, несебична работа и беспрекорно извршување на должностите, со што се гради и имиџот на полицијата, воопшто.

-Министерството за внатрешни работи прерасна во институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина. Полициските службеници веќе се препознаваат како прв пријател кој е најбаран во незгода или во тешка ситуација, создавајќи чувство на доверба, на сигурност кај граѓанинот, нагласи тој.

Денешната визура на Министерството за внатрешни работи, нагласи Спасовски, е производ на интензивните и динамични реформи, во кои што, пак, Министерството ги отвори вратите за соработка со меѓународните партнери, академската јавност, граѓанското општество и медиумските работници, поставувајќи се како реален сервис на граѓаните.

-Министерството за внатрешни работи со своите вработени претставува реална слика на нашето мултиетнички обединето општество, а евидентни се позитивни промени и во напорите за обезбедување на родова еднаквост и еднакви можности во полицијата, како преку зголемениот број на жени-полициски службеници со секоја нова генерација, така и со сѐ поголемиот број на жени на раководни позиции во Министерството, чија улога е извонредно важна во полициското работење. Впрочем, уверен сум дека полицијата во мешан состав, како етнички, така и родов, може на подобар начин да одговори на безбедносните потреби на државата, на нашите граѓани, истакна министерот Спасовски.

Овие извонредно големи чекори напред, како што посочи  тој, придонесоа кон остварување на една од примарните стратешки цели на државата – наше полноправно членство во најмоќниот сојуз – НАТО Алијансата.

– Продолжуваме со несмален интензитет до нашето ново одредиште – Европската Унија. Остварувањето и на оваа наша стратешка цел бара од сите институции на системот да бидат подготвени, да се надградуваат, унапредуваат, професионализираат, стандардизираат. Полицијата тоа, без дилема го прави!, нагласи Спасовски.

На одбележувањето на Денот на полицијата присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски, претставници на Владата, амбасадори и полициски аташеа, раководство на Министерството за внатрешни работи, како и претставници на семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.