Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасувачките екипи не пронајдоа преживеани по авионската несреќа во Кина

0
By Ivana on March 22, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спасувачките екипи не пронајдоа преживеани меѓу остатоците на авионот на „Чајна истерн ерлајнс“, кој вчера се урна во планините во јужниот кинески регион Гвангши, што е најтешката авионска несреќа во Кина во последните десетина години. Во седум години стариот авион „Боинг 737-800“ имало 123 патници и девет члена на посадата.

„Остатоци од авионот се пронајдени на местото на падот, но досега не е пронајден никој од оние кои биле во авионот“, соопшти државната телевизија „ЦЦТВ“.

Авионот кој патувал од Кунминг до Гвангжу се урнал во близина на градот Вужу, предизвикувајќи голем пожар кој бил видлив на сателитските снимки на НАСА. Од ударот се направила и огромна дупка на планинскиот терен. Државните медиуми кажаа дека црните кутии ќе се бараат и со дронови, зашто теренот е доста стрмен и непристапен.

Авионот бил во воздух околу еден час и се ближел кон својата дестинација, кога нагло изгубил висина. Тој престанал да емитува податоци 96 секунди откако почнал да паѓа. Според сајтот „Флајтрадар“, авионот летал на височина од 8.800 метри, но две минути и 15 секунди подоцна бил регистриран на само 2.760 метри.

Министерството за транспорт кажа дека повеќе од 100 авиони „боинг 737-800“ на „Чајна истерн ерлајнс“ се приземјени по вчерашната несреќа.

Кина значително ја подобри безбедноста на својот авиосообраќај од 1990-ите и последната авионска несреќа со многу мртви се случи во 2010, кога загинаа 44 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.