Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализанти до пратениците:Размислете пред да гласате утре за лихварски закон

0
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден ден пред дополнувањата на Законот за здравствена заштита да се најдат пред пратениците во Собранието, Група специјализанти ги потсетуваат народните избраници да размислат пред да гласаат бидејќи ниту едно од нивните барања не е исполнето од страна на Министерството за здравство.

Тие цела измината година бараат да се сменат, како што велат, дискриминирачките и не фер законски решенија за специјализирање.

„За жал, иако во многу прилики се покажа дека аргументите се на наша страна, веќе на 27 јануари (Среда) закажана е Пленарна седница во Собранието на РМ на чиј дневен ред е и дополнувањето на Законот за здравствена заштита, со текст во кој не е прифатено ниту едно од барања од Петицијата потпишана и испратена од страна на 350 лекари специјализанти“, велат од Групата лекари специјализанти и идни специјализанти на Медицински факултет.

Еве, што на што ги потсетуваат пратениците и македонската јавност лекарите специјализанти:

„Наместо времено вработување на сите специјализанти, овој закон наложува секој приватен специјализант да работи со полно работно време од осум часа дневно и еднаш неделно непрекинато 24 часа, да исполнува работни должности и работни задачи од работно место и да биде казнуван за повреда на работна дициплина, а при тоа да не добива ниту денар плата , да нема ниту пензиско, ниту здравствено осигурување, што е еднакво на робовладетелство.

Наместо фер договори во сооднос 1:1 овој закон наложува секој државен специјализант да потпише исклучително неповолен, репресивен и уценувачки договор за лојалност, според кој по завршување на специјализацијата треба да одработи до 10 години во јавното здравство или да врати и до 60 000 евра. Помеѓу 7 и 12 илјади евра е сумата за школарина која што државата ја инвестира во еден државен специјализант, а секое враќање на сума енормно поголема од она што е инвестирано е дефиниција за лихварство.

Со ова законско решение се прекршени нашите работнички права и сме дискриминирани по бројни основи. Наместо укинување на интермедиерниот испит, неговото не положување ќе биде причина за губење на специјализацијата. Специјализацијата ќе се губи и во случај на подолготрајно боледување или две патолошки бремености една по друга. Наместо укинување, останува задолжително видеоснимањето и емитувањето во живо на интернет за време на испитите со кое целосно се понижува и деградира белиот мантил.

Специјализантот не е студент, туку дипломиран и лиценциран лекар кој прв ја згрижил раната на вашето дете, тоа е лекарот кој асистирал на вашата операција за отстранување на жолчното ќесе, тоа е лекарот кој го ренимирал и рестартирал срцето на ваш близок. Соочени со вакви брутални услови за специјализирање, сè поголем број на лекари се и ќе бидат принудени да се откажат од специјализирање и  оваа состојба во здравството, наместо да ги задржи, само дополнително ќе ja поттикнува миграцијата на лекари, која и онака е глобален феномен.

Ние, специјализантите, кои го сочинуваме еден од главните столбови на здравствениот систем, доколку останеме да се едуцираме под овие услови во Република Македонија, понижени и дискриминирани на секој чекор и во постојана борба со егзистенцијални бремиња, стравуваме за тоа колку ќе можеме да допринесеме за изградба на цврст, стабилен и сигурен здравствен систем и пред сè стравуваме за безбедноста на пациентите во него!
           
Јавно ги повикуваме Министерот за здравство и пратениците во Собранието на РМ уште еднаш добро да размислат и да покажат добра волја за решавање на нашите проблеми. Ги повикуваме да размислат каков здравствен систем градат и како во него ги третираат специјализантите како идни носители на секундарното и терциерното здравство. Никогаш не е доцна за правични одлуки.

Апелираме за ништо повеќе, ниту помалку од она што го заслужуваме , а тоа се достојни и фер услови за работа и едукација и извор на егзистенција во оние години во кои тоа ни е најпотребно, во годините во кои целосно посветено и професионално се вложуваме за нашите пациенти и нивното здравје. Да бидеме земја за пример, земја која ќе го реши проблемот со медицинската миграција“, велат од Групата на специјализанти и идни специјализанти на Медицинскиот факултет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.