Во рамки на финалето на прославата на Платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабета која одбележува 70 години од нејзиното седнување на кралскиот престол, денеска низ улиците на Лондон се прошета Златната кралска кочија во која 26-годишната Елизабета била однесена на крунисување. За да биде доживувањето комплетно и за да се надомести отсуството на 96-годишната Kралица која по завчерашното појавување во јавноста повторно не се чувствува добро, во златната кочија денес се „возеше“ нејзиниот холограм на 26-годишна возраст, кој дури и им мавташе на насобраните луѓе.
Златната кочија е стара 260 години и е едно од најзначајните богатства во кралската ризница.
Во меѓувреме милиони луѓе денес учествуваат на последниот ден од уличните забави и прослави за платинестиот јубилеј на кралицата.