Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спиеме по две во кревет, храната е малку велат дел од спортистите на ЕМОФ за условите во Скопје

0
By Zoran Ivanov on July 25, 2025 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје се одвива со полна програма и многу ентузијазам, но надвор од спортските полиња, вниманието сè почесто се насочува кон условите за спортистите.

Бројни видеа, статуси, и коментари на социјалните мрежи укажуваат на организациски пропусти или пак несреќи. Дополнително дел од спортистите со кои разговаравме ги потврдуваат ваквите впечатоци.

„Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”, вели одбојкарката Агата.

„Јас мислам дека храната не е добра, можеше да биде подобра. Не е вкусна, не ни се допаѓа. И мала е порцијата“, вели Антонина Павловска, одбојкарка.

„Немаме тоалет за девојки во собите. Во однос на храната, малку е храната за нас девојките кои спортуваме на топло време. Информиравме за недостатоците, секој ден кажуваме за тоа. Што ви кажаа на тоа? – Дека ова е веќе испланирано и дека не можат да направат промени“, вели Ашја Штурек.

За дел од негативните коментари се огласи македонската велосипедска федерација. Велат дека се шират шпекулации во врска со случајот со повредениот велосипедист од Литванија. Велосипедистот се здобил со скршеница уште пред отварање на фестивалот.

„Уште една невистина е фотографијата која вирално се споделува на повреденото дете со скршена рака кое е всушност од репрезентацијата на Литванија и за кое националната репрезентација на Литванија објави уште пред отворањето на игрите дека велосипедистот се повредил на патеката за Крос кантри во Куманово за време на тренинг и негов пад на еден од техничките елементи на самата патека. Тоа е сосема друг излоиран инцидент кој нема никаква поврзаност со сообраќајниот инцидент“, се вели во соопштението на велосипедската федерација на Македонија.

Претходно, двајца велосипедисти од Исланд беа повредеени на патот Куманово – Свети Николе, но се наоѓаат во добра здравствена состојба. Од федерацијата посочуваат дека тие самостојно се упатиле на таа патека која не била предвидена за тренинг.

Дополнителна доза критика доаѓа и од социјалните мрежи, каде се споделуваат фотографии од улици што се асфалтираат буквално наутро пред почеток на трките. Сето тоа отвора прашања за подготовката, безбедноста и грижата за младите учесници.

Текстот е сопственост на  Скопско ехо.мк

ЕМОФ лоши услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.