Папата Френцис повторно со својата спонтаност ги воодушеви луѓето ширум светот, но и го прекрши протоколот.
Овој пат Папата го повика својот пријател Фабиан Баез со него да се повози во папамобилот. Баез свештеник од родниот град на Папата, Буенос Аирес, немал ВИП карта за неделната аудиенција, но штом го видел во публиката папата Френцис го повикал и им дал знак на обезбедувањето да му погонат да ја прескокне оградата и да се приближи.
После тоа го повикал да се качи во неговото возило и така да го следи во обиколката низ Св. Петар. Баез изјавил дека бил шокиран: „Си реков себеси ‘Што правам јас овде? Мама миа!’“, објавуваат светските медиуми.