Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според Палевски целиот процес е „конструиран политички прогон“

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје, обвинетиот Љупчо Палевски одговараше на вкрстени прашања од Јавното обвинителство. Палевски во своето сведочење обвини за политички мотивирано гонење, притоа негирајќи дека има каква било поврзаност со насилни кривични дела.

Јавното обвинителство на почетокот ја образложи казнената евиденција на Палевски која вклучува повеќекратни условни осуди од 2007 година наваму како за злоупотреба на службена положба (8 месеци условна казна), кршење на епидемиолошки мерки (2020), како и постапка за оддавање службена тајна. Обвинителството оцени дека тој континуирано постапува противзаконски и не ги почитува законите.

Му благодарам на Јавното обвинителство што го постави ова прашање. Ниту еднаш не се спомна какво било кривично дело врзано со насилство, грабнување и убивање луѓе, рече Палевски, додавајќи дека неговите пресуди се за „условни казни за неплатени фактури на правен субјект“ и дека „единствената ефективна казна ја одлежал во Белград како дел од екстрадициониот притвор“.

Тој тврдеше дека е мета на систематско прислушкување од страна на поранешната УБК (сега АНБ) и дека процесот за оддавање службена тајна е последица на тоа што, како што рече: „Во белешките што ги објавив стои дека сум следен, сликан и прислушкуван, а таму пишува и дека сум организирал атентат врз Зоран Заев“.

Направив прес-конференција, го повикав Јавното обвинителство да ме повика и да ме испита, затоа што во службените белешки беше напишано дека сум организирал атентат на Зоран Заев. Тоа е напишано во документи на тогашната УБК и тоа беше причина јас да одговарам пред Судот за оддавање службена тајна. А јас немам никаква обврска околу службени тајни, затоа што не работам во безбедносна институција, рече Палевски.

На прашањето дали сите осуди и во Хрватска се резултат на политички прогон, Палевски одговори: „Не. Во Хрватска не беше политички прогон. Тоа беа условни пресуди за фактури вредни вкупно 4.000 евра. Штетата е надоместена“.

Во врска со неговото заминување во Белград на 30 ноември 2023 година, Палевски рече дека причината била здравствена состојба.

Понесов медицинска документација, два ЦД-а со магнетна резонанца, а во Белград требаше да добијам второ стручно мислење. Тоа беше мојата цел, рече тој.

За екстрадицијата од Турција, тврди дека целата постапка била регуларна, освен што бил сликан од инспектор од Интерпол.

Еден од инспекторите во Интерпол ме изнесе во ходник, ме сликаше и пред мене на „What’s up” ме испрати на министерот Оливер Спасовски. Потоа, мојот адвокат од Турција ми испрати испечатени наслови од медиумите каде ја видов сликата во Македонија. Тоа се класични ваши злоупотреби и на предистражната и на самата истрага, каде ги сликате осомничените и ги праќате по медиуми како службени лица овластени за законска истрага и немало ниту бегање, ниту сум променил град на престој од сознанието дека сум осомничен, рече Палевски.

Според Палевски, целиот процес е „конструиран политички прогон“, а неговиот адвокат Јовица Страшевски, забележа дека прашањата на Обвинителството „не се релевантни за предметот, туку служат само за создавање слика во јавноста“.

Судењето продолжува со вкрстени прашања од Обвинителството во врска со податоците од неговиот мобилен уред возилото Рено Кангу.

Вања Ѓорчевска обвинителство Палевски Панче Жежовски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.