Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Срамот со ќерките и Давидовата ѕвезда

0
By Биљана Секуловска on January 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историјата на поганост во оваа мала, несакана и изгубена земја во својата бедотија не започнува со ужасните коментари овие денови за два настани, кои се само дел од нашите историски, мемориски сведоштва за примитивизмот и говорот на омраза кој се раѓа и негува секојдневно, низ годиниве наназад.

Но, околу последниве денови најпрво- се случија одвратните текстови и коментари за ќерката на Заев- како бил подготвен да ја продаде на Ципрас, за еден негов потпис на Преспанскиот договор. Потоа следуваа пресметките и обвинувањата за антисемитизам и фашизам околу (не)употребата на Давидовата ѕвезда во кабинетот на  новата министерка Рашела Мизрахи.

Како се случи ова општество да стане одвратно, изопачено, бедно и крајно несреќно, што ни се случи низ сиве овие години, не е тешко да се дијагностицира.

Откако се појавија во годините наназад, во времето на владеењето на Груевски, записите за нашите и вашите, патриотите и предавниците, голготата започна. Хушкањата станаа секојдневниот оброк, омразата се зајакнуваше, се поттикнуваше, се охрабруваше и величеше, бесот кај медиумските касапски кучиња експлодираше секој ден.

Лепејќи ги нашите слики, на предавниците, низ студијата на Канал 5, педантно заковувани од раката на Миленко Неделковски, уживањето на мизерните започна. После тие документирани таргети за омраза, следуваше армија од гости, грижливо и соодветно финансиски наградувани за учеството и соучеството во продуцирањето на сета тага што ни се случуваше секојдневно.

Не беа тие сами, ниту осамени, ниту смалени, најмалку несакани- аплаузите на отворена сцена ги слушавме сите, кога се зацрвенуваа рацете во вестите на Латас, Ивона, Славица Арсова,  Иван Мирчевски, кој сè не, како сè не.

Но, сето ова беше и богато наградувано- списоците со имиња за ставање на главите на клада со посебна страст ги презентираше тогашниот премиер Груевски, денешен меѓународен бегалец на правдата.

Се репродуцираа и мултиплицираа тие повици за линч, за бетонските плочи кои ни ги наменуваа нам, со имиња и презимиња, да не заборавиме, да се запамети. Социјалните медиуми станаа нивниот втор дом- доколку не ги вклучуваа сите телевизорите, ако не ги читаа весниците, ако замижуваа над фотографиите и бесниот повик да бидеме замолчени, спроведени, елиминирани.

Така и станавме општество на инвалиди во емоциите, така и сега се парчосуваат ќерките, ѕвездите, честа, милоста, човештината.

Не велам дека ова е нешто ново, невидено, нечуено во останатите земји. Се разбира дека потресите им се случуваат и денес, на позрелите демократии, но со една разлика. Тоа е онаму каде што владее правната држава, каде што се санкционира и казнува сè што излегува од рамките на елементарни цивилизациски вредности. Така може само да заврши нашиот срам во оваа држава.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.