Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: 14 години од НАТО бомбардирањето на Југославија

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Србија со положување цвеќе и оддавање почит на жртвите се одбележува 14-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија.

Според различно оценки во бомбардираањата во период од 79 дена убиени се меѓу 1.200 и 2.500 лица, а повредени се над 12.500 луѓе, додека предизвикана е материјална штета во вредност од 100 милијарди долари.

Бомбардирањето започна во 19 часот и 45 минути на 24 март 1999 година над различни региони во Србија и Црна Гора, а последниот напад е извршен на 10 јуни во 13 част и 15 минути, недалеку од Косовска Каменица, наведува весникот „Блиц“.

Непосреден повод за почеток на операцијата „Милосрден ангел“ беше случајот во селото Рачак, каде на 15 јануари 1999 година раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер објави дека се пронајдени 45 тела на убиени цивили Албанци.

Според српските власти убиените од српската полиција биле членови на терористичката Армија за ослободување на Косово.

Бомбардирањето заврши на 19 јуни 1999 година со потпишување на Косовскиот договор и усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во овие акти беше предвидено повлекување на југословенската армија од Косово, каде беа распоредени меѓународни воени сили.

Во 2008 година Косово прогласи независност, што Србија се уште не ја признава. Во Брисел, под покровителство на ЕУ, се водат преговори меѓу Белград и Приштина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.