Заменик премиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ, изјави дека вчера се поднесени 83 пријави против продавачи кои сакале да продаваат намирници по многу повисоки цени.
Како што јавува Блиц, Љајиќ најавил дека ќе бидат казнети сите оние кои ја злоупотребуваат вонредната ситуација.
Тој објасни дека 55 проценти од жалбите се однесуваат на Град Белград и општините кои не се погодени од поплавите, каде што трговците ја зголемувале цената на флаширана вода, и имало случаи на зголемување на цената на гумени чизми.