Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: Контрамерки за пченицата од понеделник

0
By Нова ТВ on August 14, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако 15 август, неформалниот рок кој српската страна и го дадена на владата на Република Македонија да ја повлече уредбата за ограничување на увозот на пченица и брашно, се приближува, се уште нема никакви сигнали дека официјално Скопје ќе ја повлече уредбата.

– Темелно ја пратиме ситуацијата во Македонија по ова прашање. Меѓутоа се уште немаме релевантна информација дали Скопје презело било каков чекор оваа уредба да се укине. Ние сме во контакт со Министерството за земјоделие кое е надлежно од наша страна да се смислат контрамерки кои евентуално би се презеле кон Македонија доколку уредбата не се укине во догледно време.

– Постапката е таква што Министерството за земјоделство ќе пропише контрамерки доколку Скопје не го испочитува рокот, а потоа тие ќе бидат доставени во нашето министерство.

Наша задача тоа и правно да го спроведеме на дело. Во тој случај ние ќе ја известиме ЦЕФТА дека Македонија не го спровела тоа што и е од сите земји членки на овој договор наложено“, изјави Бојана Тодоровиќ, заменик министер за трговија во српската Влада.

На прашањето кога контрамерките кон Македонија може да стапат во сила, Тодоровиќ со одговор декеа такво нешто најрано може да се очекува во почетокот на наредната недела.

Тодоровиќ потсетува и дека сите земји на ЦЕФТА зазеле став дека Македонија мора да ја укине уредбата за ограничување на увозот на пченица и брашно бидејќи во потполност се коси со договорот.

– На Скопје не му предочивме било каков формален термин во кој уредбата треба да биде повлечена, но со оглед на тоа дека одлуката е донесена пред еден месец, колоквијално очекуваме дека Македонија оваа уредба треба да ја повлече до среда – 15 август, истакнува Тодоровиќ за српски „Данас“.

Инаку, неодамна Здружението на мелничари и пекари „Житовојводина“ предупреди дека од ограничувањето на извозот во Македонија, извозниците трпат голема штета и апелираа до министерот за трговија Расим Лајиќ да преземе мерки против Скопје за овој проблем час поскоро да се реши.

Мерките со кои македонската влада го ограничува увозот на брашно и пченица од Србија стапи на сила 1 јули, но по состанокот со српскиот министер за трговија на 10 јули, прифати да се стартува со процедура за измена на оваа уредба. Мерката која ја донесе Владата на Македонија предвидува за килограм увезен, македонските увозници се обврзани да купат три килограми домашна пченица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.