Основачот и долгодишниот претседател на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница соопшти дека ја напушта партијата бидејќи ДСС одлучи против политика на неутралност.
Според него, правецот на „суверенизам“ за кој се одлучи ДСС во политиката има различно и неодредено значење.
– Сметам дека изневерна е Програмата и донесов одлука да ја напуштам партијата. Им се заблагодарувам на сите пријатели кои се бореа за идејата врз која е основана партијата, изјави Коштуница.
Тој додаде дека поминала повеќе од половина година откако поднел оставка од претседателското место на партијата и се повлекол од јавниот политички живот.
На собирот на ДСС, за претседател на партијата е избрана Санда Рашковиќ Ивиќ која убедливо ја доби довербата пред противкандидатот Милош Алигрудиќ.