Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија подаде рака за помирување со Македонија

2
By Нова ТВ on August 25, 2017 ВЕСТИ
Заедничка прес конференција на Димитров и Дачич фото: Танјуг/Сава Радовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот министер за надворешни работи,Никола Димитров, се сретна со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, денеска во Ниш.

Дачиќ по средбата изјави дека состанокот бил добар, конструктивен и прецизираше дека безбедносните сознанија до кои дошла Србија не се однесуваат на македонската влада, туку на безбедносен сектор.

– Секако, сето тоа со учество на странски фактор. Можам да ви кажам кој е тој странски фактор, но нема. Овде станува збор тоа да престане да се случува, да не бидеме колатерална штета на меѓународните односи – рече Дачиќ.

Додаде дека комуникацијата меѓу двете држави ќе продолжи и натаму и истакна дека премиерот на Република Македонија Зоран Заев е поканет да го посети Белград.

Според него тоа ќе биде  посета која ќе ги надгради односите на доверба, особено со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, и дека двете министерства за надворешни работи ќе се однесуваат и ќе соработуваат во контекст на овие односи.

Најави дека повторно ќе остварат средба во рамки на Бледскиот форум што ќе се одржи на 4 и 5 септември оваа година.

–  Разговаравме за причините за овие да речеме релативно турбулентни неколку дена во нашите билатерални односи. Мислам дека областа на разузнавањето е деликатна и колку повеќе шпекулираме во јавноста, толку поголема белја создаваме. Меѓутоа, две поенти би сакал да истакнам. Прво, допрва треба да се види и да се работи на разјаснување на тие информации и второ, се радувам што тие информации доколку излезе дека се такви какви што се, доколку се точни, се радувам што не ја инволвираат македонската Влада. На некој начин оваа епизода покажува колку е важно да сме блиски, колку е важно да имаме дијалог, чист и отворен – рече Димитров.

Потенцира дека суштината на новата македонска надворешна политика е Македонија и регионот да оди напред и нашите соседи да бидат успешни.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/08/dimitrov_01_2508.flv

 

На прашањето за српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, кој беше во Собранието вечерта на 27 април, Дачиќ рече дека таа тема е завршена и дека е договорено тоа споразумно да го решат двете служби.

– Сакам да кажам дека вие во Македонија добро знаете декапретставници на многу други служби се вмешаа во разни случувања. Србија се нема мешано, нити ќе го правиме тоа. Не сакаме Србија да биде обвинувана за предизвикување нестабилност во Македонија – рече Дачиќ.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/08/dacic_02_2508.flv
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.