Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ соопшти дека е пронајден дронот со знамето со симболи на „Голема Албанија“ кој буквално го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија.
Според Стефановиќ, истрагата покажува дека се работи за политичка провокација а виновник е албанската страна која сакала да ги испровоцира навивачите на Србија, пренесува Танјуг.
Тој вели „очигледно планот е да се предизвика хаос на стадионот“, а изјавите на претставниците на албанската Влада само укажуваат дека знаеле за провокацијата однапред бидејќи потполно го оправдуваат дејствувањето на сите инволвирани.
– Доколку Албанија мисли дека европски вредности претставуваат вредностите на „Голема Албанија“, тогаш сметам дека тие се недоволно зрела држава да и се приклучи на европското семејство, изјави Стефановиќ.
Пронајдениот дрон ќе биде доставен на вештачење како би се одредил произведувачот и купувачот.