Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија се надева да стане членка на ЕУ до 2020

0
By Нова ТВ on February 19, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Вучиќ, најмоќниот човек во Србија, шеф на најголемата владејачка партија, во посета на граѓаните на периферијата на Белград. Локалното училиште треба да биде приклучено на канализационата мрежа. Барем мал позитивен сигнал.
Зашто, Србија до денес страда од последиците од војната што во 90-тите години ги водеше против своите соседи.

„Тоа беше грешка на политичарите од тоа време. Ние не препознавме што се случуваше во Европа“, оценува Вучиќ.

Задоцнето согледување. Вучиќ и самиот им припаѓаше на некогаш екстремните српски радикали, потоа се оддели од нив и сега ја води конзервативната Српска напредна партија, која води во сите анкети.

Променетиот националист сака да ја внесе Србија во ЕУ до 2020 година. Има и посебна причина за тоа – сеништата на минатотo предолго го попречуваа економскиот пресврт во Србија.
Многу закони се од времето на социјалистичка Југославија. На Србија и‘ е неопходна помош од странство. Вучиќ во декември водеше преговори со Светска банка за нов кредит од 500 милиони евра. Преговорите за приклучување во ЕУ треба да донесат уште повеќе.
„Тоа е сигнал дека еден ден ќе бидеме дел од Европа. Се надеваме дека тоа ќе се случи набргу. Во секој случај тоа значи дека сме општество во кое и со кое може да се работи. Мислам и дека тоа исто така ќе ја подобри нашата соработка со сите земји на ЕУ“, оценува Вучиќ.

Некои гледаат критички на промената на националистите во поддржувачи на ЕУ. Активистката за човекови права Соња Бисерко во 90-тите години се бореше против режимот на Милошевиќ, тогаш кога многумина политичари од сегашната влада ја поддржуваа војната.

„Знаете, многу голема хипокризија е кога велат – гледаме во иднината, минатото е зад нас; да, нешто направивме погрешно – но не кажуваат што и си продолжуваат. Сега водат многу популистичка политика, како кај борбата против корупцијата“, вели Бисерко.
Владата се обидува да поентира со многу апсења, но досега нема правосилна пресуда.
Со децении корупција, лошо водена економска политика. Последиците не можат да не се забележат во центарот на Белград. Владата се надева на подем откако Србија ги почна преговорите за приклучување во ЕУ.

Анализата е превземена од сервисот на Дојче Веле на македонски јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.