Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија се обиде да протера белгиски новинар

0
By Светлана Јовановска on February 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белгискиот новинар Филип Бертеншан за малку ќе мораше да ја напушти Србија, по 10 годишен престој како дописник на франкофонски медиуми, бидејќи му беше одбиено барањето за продолжување на престојот во Србија во која тој живее и работи десетина години.

Откако во Европа се прошири веста дека Србија сака да го протера Бертеншан и откако реагираа новинарските здруженија како Репортери без граници, новинарот објави дека конечно денес му јавиле дека добил дозвола за престој до 2019 година, изјави новинарот за телевизијара Н1.

Тој денес бил повикан во полициска станица а таму му кажале дека во неговиот случај се појавил нов детал и дека повеќе нема пречки да му се продолжи престојот. Но новиот детал не му бил откриен на Бертеншан.

Новинарските здруженија јавија дека МВР на Србија го одбил барањето за престој поради тоа што новинарот е, според безбедносно-информативната агенција БИА, “закана за јавниот ред и мир и националната безбедност”. Одлуката на МВР денес беше поздравена од новинарските здруженија но тие исто така бараат јавно објаснување врз основа на што Бертеншан бил претходно прогласен за закана за државата.

Новинарот поднел барање уште пред една година за продолжување на визата за престој во Србија како што правел за време на својот десетгодишен престој во земјата. Тој е оженет за Србинка со која има и деца.

“МВР ми одговори во април, по претседателските избори за кои пишував како и секогаш досега, и ми кажа дека моето барање е одбиено”, вели новинарот.

Потоа тој се жалел на суд, бил повикан на два информативни разговори во БИА а во јануари добил ново решение со одбиено барање. Во решението стои дека БИА ја известила полицијата дека располага со податоци кои “претставуваат пречка за позитивно решение за одобрување на барањето за привремен престој”.

Бертеншан вели дека не добил објаснување зошто е тој закана за безбедноста:

“Не можам да кажам дека е тоа поради некој посебен мој текст но убеден сум дека се работи за критичките текстови што ги пишувам за Србија. Нема друга причина”, изјавил новинарот за Здружението на новинари на Србија (УНС).

Според УНС и Независното здржение на новинари на Војводина (НДНВ) протерувањето на новинар дописник на повеќе странски медиуми е “меѓународен инцидент и нова фаза во гушењето на медиумската слобода и забраната на критичен говор и мислење во Србија”. Тие велат дека Бертеншан е “пример за новинарски професионализам” и дека како дописник од Белград никогаш нема проблеми со полицијата. А БИА го сослушувала новинарот поради неговите текстови и интервјуа направени за време на претседателските избори во Србија.

Бертеншан е дописник на најпознатите белгиски, швајцарски и француски медиуми како белгискиот дневник “Суар”, француските “Либерасион” и “Медиапарт” и на белгиската национална телевизија РТБФ која денес соопшти дека нивниот новинар 10 години известува од Балканот.

Според “Либерасион” обидот да се протера новинарот е очигледно кршење на српската процедура но и на членот 8 од Европската конвенција за човекови права за почитување на приватниот и семеен живот.

Репортери без граници предупредуваат дека медиумската состојба во Србија е катастрофална и покрај тоа што земјата е кандидат за влез во ЕУ.

“Србија не ги исполнува критериумите за членство. Одбивањето виза за новинарот е симптоматично за климата со слободата на медиумите која постојано се влошува”, вели здружението.

Европските медиуми денес објавуваат текстови во кои се потенцира лошата состојба со слободата на медиумите во Србија.

Бертеншан најави дека утре ќе одржи прес конференција во Медиумскиот центар во Белград заедно со колегите од Репортери без граници.

Србија е на 66 место од 180 земја на списокот на Репортери без граници за слободата на медиумите за 2017 година.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.