Откако бугарскиот премиер Пламен Ошарски попушти под притисокот на ЕУ и вчера изјави дека Бугарија привремено ги прекинува сите активности околу гасоводот Јужен тек, денеска и српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ изјави дека Србија треба да ги одложи активностите околу рускиот гасовод.
-Додека не завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на ЕУ со Русија, и ние прекинуваме. Или додека Русија не ја промени трасата. Но, се разбира, резултатот и од едното и другото сценарио значи одложување на работите и во нашата држава, изјави Михајловиќ за „Блиц“.
Сепак, нејзините изјави не претставуваат никаква формална одлука на владата на Србија. Премиерот Александар Вучиќ изјави дека српската влада немала седница за да донесе ваква одлука и дека за тоа треба подлабоко да се размисли.
-Таква одлука треба да донесе Владата на Србија, која не заседавала. Што се однесува до нас, нам се‘ ни тече како што беше планирано околу проектот“, рече Вучиќ.