Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала утрото во 5.13 часот е регистриран во реонот на Сјеница, Србија, објави на сајтот Републичкиот сеизмички завод.
Интензитетот на епицентарот е проценет на три степени по Меркалиевата скала.
Српските медиуми објавуваат дека вакви земјотреси може да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.