Утринава во Белград е уапсена Јасна Матиќ, поранешна министерка за телекомункации на Србија, во Владата на премиерот Мирко Цветковиќ, јави Б92.
Уапсената Матиќ, освен министерка за телекомункации, претходно беше и на чело на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Србија (СИЕПА).
Покрај неа, уапсени се и Божидар Лагадин, Весна Периќ и Бојан Јанковиќ кои во периодот од 2006 до 2013 година биле на чело на Агенцијата, а нив на товар им се става злоупотреба на службената положба, на кој начин, преку фиктивни договори за авторски дела го оштетиле буџетот за над еден милион евра, колку што и за себе оствариле имотна корист.