Српската Влада го усвои планот за примена на договорот за нормализирање на односите со Косово, јави ДПА.
Планот содржи активности и крајни рокови предвидени со договорот, постигнат со посредство на Европската унија.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ го информира високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон за оваа одлука, се наведува во соопштението на српската Влада.
Со планот се подготвува терен за создавање на поблиски врски на Србија и Косово со ЕУ.
Србија се надева на добивање датум за почеток на преговорите за членство на Самитот на лидерите на земјите од ЕУ, што ќе се одржи кон крајот на јуни.