Во Србија на вонредните парламентарни избори до десет часот излегле на гласање над девет проценти од гласачите, инфромираше Државната изборна комисија.
Во споредба со излезноста во 2012 кога процентот бил над 10 проценти, сега станува збро за помал одзив.
Над 6,76 милиони граѓани на Србија со право на глас денеска на предвремени избори се изјаснуваат за составот на новото српско Народно собрание.
На изборите учествуват 19 листи на пaртии, коалиции и независни кандидати, од кои седум се на партии на припадниците на националните малцинства, а вкупно се предложени 3.020 кандидати за 250 пратенички места.
Паралелно со предвремените парламентарни, се одржуваат и избори за членови на Собранието на Град Белград и на општинските собранија на Аранѓеловац, Бор, Неготин и Пеќници.
Изборачките места се отворени до 20 часот, а првите резултати се очекува да бидат објавени најрано во 21 часот.
Рано утрово се случи трагедија на избирачко место во Нови Сад, почина човек, на кој околу 8:30 часот додека гласал, му се слошило. Членовите на комисијата се обиделе да му помогнат, но безуспешно. Набрзо пристигнала и Брзата помош, но, лекарите само констатирале смрт. Избирачкото место 183, каде се случила трагедијата, било затворено.