Непознати сторители синоќа запaлиле две пекари во Сомбор и Стара Пазова, чии сопственици се дел од албанското национално малцинство.
Напад во Сомбор се случи синоќа околу 2 часот по полноќ кога врз објектот бил фрлен молотов коктел. Речиси во исто време бомба била фрлена и во пекарата во Стара Пазова, во која биле присутни две лица, меѓутоа тие не се повредени.
Пекарницата во Сомбор е поделена на два дела. Во едниот е класична пекарница, а во другиот дел на објектот е кафуле. Според неофицијалните информации, поголема штета е предизвикана токму во вториот дел од објектот. Засега не се знае причината за овој инцидент, а се очекува во текот на денот повеќе информации за настанот.
Во градската управа на Сомбор најостро го осудуваат овој инцидент. Оттаму велат дека Сомбор е мулитетничка средина со традиција на толеранција и дека ќе се трудат по секоја цена да го сочувааттоа богатство. Пекарницата „Два брата“ и пред седум години била цел на вандали, кога ѝ биле скршени прозорците, а на граѓаните им бил делен бесплатен леб за да не купуваат од пекарниците чии сопственици се Албанци.