Русија направи успешен обид на лансирање на интерконтитентална балистичка ракета, која била лансирана од руската покраина Астрахан, недалеку од Каспискотот езеро, а погодила цел во Казахстан. Ракетата долга 20 метри има дострел од 10.500 километри. Лансирањето наводно било планирано уште пред почетокот на украинско-руската криза.
Претставници на НАТО и на Русија денеска ќе одржат специјален состанок во врска со најновиот развој на настаните во Украина. Од Алијансата соопштија дека состанокот е инициран од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, во услови додека руските трупи се наоѓаат на украинскиот полуостров Крим.
ОБСЕ денеска треба да испрати свои набљудувачи во Украина. На Крим веќе е специјалниот пратеник на ОН Роберт Сери.
Над 1.000 демонстранти со украински знамиња излегоа вчера на улиците на источниот украински град Доњеск и за првпат ја надминаа по бројност промосковската младина која ја запоседна владата.
Изјавата на рускиот претседател Путин дека има право да ја нападне Украина поттикна проруски протести долж украинскиот југ и исток каде главно се зборува руски.
Но се чини дека источните градови сепак се свртуваат кон Киев.