НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на Османи со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од форматот Ц5

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од неформалната група Ц5 на Централно европските држави во која влегуваат: на Австрија, Георг Вуцас, на Словенија, Милан Предан, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Дукс.

Како што соопшти МНР, предмет на разговор беа тековните теми со ЕУ предзнак, претстојните ЕУ Совети на министрите за надворешни работи и за европски прашања на кои ќе се отвори стратешка дискусија за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и кои ќе послужат како подготовка за состаноците во јуни. Исто така, се додава, се отвори темата и за процесот на имунизација како и чекорите кои ќе обезбедат можност за послободно прекугранично патување, особено за време на летните месеци.

–Заеднички беше констатирано дека регионалните формати на поблиска соработка, како помеѓу земјите членки на ЕУ, така и во регионот на Западен Балкан, нудат поволна можност за продлабочена координација, особено со справување со заеднички предизвици како што е моменталната пандемија. Земјите од Централна Европа се наоѓаат во непосредно соседство на Западниот Балкан и се блиску поврзани, особено од економски аспект. Оттаму потребно е да се разговара за креирање на заеднички мерки и механизми подржани од ЕУ кои ќе го олеснат справувањето со предизвиците со кои се соочуваме, се наведува во соопштението.

Последен таков пример на координирана соработка е ЕУ, се додава, е механизмот за вонредна набавка на вакцини потпомогнат од страна на Австрија, преку кој земјите од регионот од оваа недела започнаа да ги добиваат обезбедените 651.000 дози вакцини од кои 119.000 за нашата земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.