Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев – Орав: Што поскоро формирање на Комисијата

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Аиво Орав.

На средбата се разговараше за повеќе теми поврзани со напредокот на Македонија во евро-интегративниот процес, како и за состојбите во СДСМ односно за плановите на новото раководство на партијата.

За прашањето околу спорот со името, претседателот Заев посочи дека СДСМ останува конструктивна поради значењето на ова важно прашање кое го тангира националниот интерес на Република Македонија. Сепак, Заев забележа дека Владата воопшто не ја информира опозицијата што се случува во процесот и изрази надеж дека во иднина ваквото однесување на власта ќе се промени.

Амбасадорот Орав ја поздрави конструктивноста на СДСМ. Дополнителнио, тој се осврна на следниот Самит на ЕУ и генерално го информираше претседателот Заев за очекувањата од истиот. Во таа насока, стана збор и за позицијата на Македонија и беше изразена надеж за придвижување на процесот на интеграција на земјава во Унијата.

Исто така, на средбата се разговараше и околу формирањето на собраниската Анкетна Комисија за настаните од 24 декември, под покровителство на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

За Европската Унија, потребата од возобновување на политичкиот дијалог во земјата е од голема важност и во таа насока Унијата охрабрува што поскоро формирање на Комисијата, како и посветување на реформите на изборното законодавство и слободата на медиумите.

СДСМ е целосно конструктивна во однос на формирањето на Комисијата и чека ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлогот странски експерт да застане на чело на Комисијата.

Во однос на внатрешните состојби во СДСМ, претседателот Заев го информираше амбасадорот за неговите генерални планови и насоки на идно политичко делување на партијата. Воедно, амбасадорот Орав ги искажа своите очекувања од СДСМ и ја поздрави конструктивната улога на партијата за прашањата кои се исклучително важни за напредокот на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.