Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средношколците го прифатија решението за државната матура за кое разговарале со Заев и Зајкова

0
By Нова ТВ on February 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на средношколци соопшти дека вчера – на 13 февруари 2021 година – Генералното собрание на Сојузот донесе одлука да го прифати решението за државната матура, за кое разговаравме на нашата последна средба со премиерот Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев.

Овој компромис предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно. Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6) и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени. Сојузот смета дека ваквиот начин на распределба на поените е поправеден и порамномерен за сите матуранти.

„Дополнително, искрено веруваме дека комромисот што го постигнавме ги задоволува нашите два клучни принципи: квалитетот на образованието и интересот на учениците. Во извештаите на ОЕЦД државната матура е посочена како една од посилните страни на нашиот образовен систем. Сојузот планира овој епитет да го задржи. Исто така, вреди да се напомене дека моделот на 2 екстерни и 2 интерни испити бил веќе применуван во нашата земја од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Решението го брани интересот на учениците бидејќи им овозможува на амбициозните матуранти да се запишат на странски универзитети, а пак присуството на поголем број на интерни испити го олеснува процесот на подготовка за испитот. Поправедната распределба на поените значи дека и доколку еден ученик се здобие со послаба оценка на еден испит, таа оценка нема да влијае значително на бројот на поени.

Сепак како и за секој комромис и решение, така и по ова прашање Сојузот се грижи за својата страна – средношколците. Токму затоа ние ѝ испративме на Владата неколку услови за наше прифаќање на решениево.

Првиот услов е формирање на работна група меѓу Државниот испитен центар и нас. Во оваа група треба да учествуваат претставници на Сојузот (ученици), наставници номирани од наша страна и претставници на ДИЦ. Со групата би претседавал претставник од Канцеларијата на премиерот. Планираме групата да работи до средината на март, а таа за задача ќе има да одлучува кои наставни програми ќе бидат скратени за есктерните испити. Со ова ние се осигуруваме дека ученичкиот глас ќе биде застапен во кратењето на програмите за испитите и дека тие промени навистина ќе се случат.

Вториот услов предвидува наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити со своите ученици најмалку 3 недели пред денот на испитот. Под испитни материјали подразбираме: формат на испитот, конректни содржини покриени на истиот и банките на прашања за истиот. Овој чекор ќе им овозможи на матурантите соодветно да се подготват за нивните испити. Овој услов значително ќе го олесни процесот на подготовка.

Нашиот трет услов е зголемување на коефициентот за добивање на поените доколку екстерниот испит е несоодветен за студиите на кои се запишува ученикот. Сегашниот модел доделува најмногу 5 поени за несоодветен есктерен испит. Ние бараме бројот на поени да се зголеми на 7. Со ова ги штитиме матурантите кои стравуваат дека нивниот соодветен екстерен испит ќе се претвори во интерен, па тие би изгубиле на поени. Нашето барање ја елиминира оваа појава.

Сојузот на средношколци продолжува да се бори гласот на средношколците да биде слушнат. Властите признаа дека оваа учебна година не е како секоја друга и дека државната матура мора да претрпи измени.

Иако постигнавме заедничко решение, нашата борба ќе продолжи сè додека не го имплементираме целосното решение како и нашите услови за прифаќање на истото.

Сојузот ќе ја следи ситуацијата со државната матура до крајот на оваа учебна година. Средношколци – постигнавме договор и ги решивме нејасностите.

Вашиот глас е алфа и омега за нас – борбата за средношколските права продолжува посилна од кога било!“, велат од Сојузот на срдношколците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

ВЕСТИ October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да…

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.