Со одлуката на Советот на Град Скопје средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст.
Околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно.
Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август.