Одлуката за времето кога ќе биде извршен погребот на Јованка Броз ќе биде донесена денеска. Желбата на Титовата вдовица да се биде погребана до него најверојатно ќе биде исполнета, објави Владата.
Јванка била изложен на прогон, а историската неправда почна да се коригира само во последните години и денови од нејзиниот живот, изјави премиерот Дачиќ.
Сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка Броз почина вчера во 11:45 минути по локално време во Белград.
Таа во ургентниот центар во Белград, беше примена пред два месеци во тешка здравствена состојба, целосно запуштена, со дијагностициран рак на кожа и сепса, резултат на 30-годишната самотија со која се бореше по смртта на Тито.
Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година. Јованка Броз изминатите години живееше во скромни услови во белградската населба Дедиње.